Find the perfect color for your facade
Get the appСоодветната топлинска изолација зависи и од добро реализираните детали. Една од нив е точна топлинска изолација на цоклето.
Ако контактниот систем за термичка изолација (ETICS) оди до нивото на теренот, неопходно е да се користат термоизолациски плочи XPS од полистиренска пена или термоизолациски плочи EPS периметар до висина од мин. 500 mm над нивото на теренот поради мала апсорпција. Постојано е потребно механичко закотвување со типли.
Вообичана подлога: На подлогата, лепиме изолациски плочки XPS или периметар со помош на лепило Baumit StarContact White, StarContact или openContact.
Битуменска подлога: Користете го лепилото Baumit SupraFix или Baumit BituFix 2K.
Армирање: Изолациони табли XPS или периметар се армираат со лепилото Baumit StarContact White, StarContact или OpenContact.
Подлога: Во многу случаи, подлогата се состои од битуменска изолација.
Лепење: Baumit SupraFix, Baumit BituFix 2K
Изолација: Фасадни изолациски плочи XPS-P pr EPS периметар
Армирачки слој: лепак Baumit StarContact White или StarContact со интегрирана стаклена мрежичка Baumit StarTex
Фасаден малтер: Baumit StarTop, SilikonTop, MosaikTop, NanoporTop. Во случај на апликација на лепак StarContact White, нема потреба од пенетрација. Ако користите StarContact, прајмерирајте ја послогата со Baumit PremiumPrimer или UniPrimer.
Дополнителна заштита од вода: Водоодбивна сива боја Baumit FlexProtect
Според видот на конструкцијата и архитектурата, цоклето може да се изведе на неколку начини. Континуиран, основан на монтажа плоча - може да најдете технички детали за секоја од нив.